НАСА даде зелено светло за мисија на „најсовршениот“ од 79-те месеци на Јупитер, со што може да се почне со изградба на вселенско летало.

Целта на мисијата е Европа, која е значително помала од нашата Месечина и која долго време се смета за идеален кандидат за потрага по вонземски живот. Доказите покажуваат дека под неговата замрзната површина има 170 километри длабоко тело со вода, кое би можело да го содржи вистинскиот хемиски коктел за развој на живот и дури би можело да биде дом на некои живи организми.

Мисијата наречена „Европа клипер“ ќе биде лансирана во 2025 година.

„Сите сме возбудени што оваа мисија дојде чекор поблиску до откривањето на мистериите на овој океански свет“, изјави Томас Цурбухен од НАСА.

„Европа клипер“ ќе прави длабински истражувања во водениот свет. Гравитациските интеракции со Јупитер создаваат приливни сили и загревање, што океанот на Европа го одржува течен. Леталото ќе носи девет научни инструменти, вклучувајќи камери и спектрометри, како и радар, кој ќе може да ја измери дебелината на замрзнатата кора над океанот, што би можело да изнесува десетици километри.

И Европската вселенска агенција планира мисија кон Јупитер во 2022 година.