КРАЛСКИ ОРДЕН ЗА ТОМ ХАРДИ

Лондон, (Би-Би-Си)

Холивудската ѕвезда Том Харди доби кралско одликување заповедник од Редот на британската империја за неговите придонеси во уметноста. Орденот му го врачи принцот Чарлс во Бакингамската палата во Лондон. Добитниците на титулите ги одредува кралицата Елизабета Втора.

Актерот (41 година) најпознат по улогите во „Лудиот Макс“, „Тату“ и „Повратник“ важи за пријател на принцовите Вилијам и Хари, а беше и меѓу гостите на венчавката на Хари и Меган Маркл.

Неговиот последен филм „Веном“ излезе есенва.