„Нетфликс“ ги објави првите фотографии од Доминик Вест и Елизабет Дебицки во улогите на принцот Чарлс и принцезата Дијана во следната сезона на „Круна“. Вест ја презеде улогата од Џош О‘Конор, додека Австралијката Дебицки доаѓа на местото на Ема Корин во претстојната петта сезона.

Вест ја презеде улогата од Џош О‘Конор (Фото: Нетфликс)

Снимањето на новите епизоди почна минатиот месец со комплетно нова актерска екипа во улогите на членовите на британското кралско семејство: 65-годишната Имелда Стонтон дебитира како Елизабета Втора, Џонатан Прајс е принцот Филип, а Лесли Менвил е принцезата Маргарет. Ѕвездата на „Трејнспотинг“, Џони Ли Милер, ќе го игра бившиот британски премиер Џон Мејџор.