Актерот Том Харди се подготвува да го издаде својот деби рап албум. Тој соработува со „Царфејс“, супергрупата од Источниот Брег, на албумот „Czarface Meets Frankie Pulitzer“. Френки Пулицер е раперското алтер-его на Харди.
Гости на албумот се и Метод Мен и Баста Рајмс. Харди веќе го објави првиот сингл од албумот насловен „Brothers Grimm“.
Харди долго време се занимава со рап, а во 2011 откри дека склучил договор за снимање кога имал 15 години и дека на крајот снимил многу работи што никогаш не биле официјално објавени.
(Фото: Гети)