СВЕТОТ ГО ОЧЕКУВА НАЈСИЛНОТО МЕТЕОРСКО ШОУ НА ГОДИНАТА – ГЕМИНИДИ

Њујорк, (Си-Ен-Ен)
Meteors streak past stars of Milky Way in the night sky during the Perseid meteor shower over the lake of Kozjak, some 45km from the capitol Skopje, The Former Yugoslav Republic of Macedonia on 12 August 2018.

Последниот и најсилен метеорски дожд оваа година се случува вечерва и утре, кога стотици светлечки кугли ќе остават трага на небото.

Феноменот познат под името Геминиди првпат бил регистриран во 1862 година и неговото шоу се одвива секој декември. Според НАСА, за време на Геминиди, од 100 до 120 метеори можат да се видат на небото во секој час.

Во Македонија, Геминиди треба да го достигнат својот врв утревечер, но за да се видат, ќе мора да се излезе од загадените градови.

Астероидот 3200 Фаетон е одговорен за овој метеорски дожд, што е невообичаено, бидејќи најчесто кометите се тие кои го креираат со своите ледени остатоци. Откриен во 1983 година, научниците сè уште дебатираат за природата на Фаетон и го оквалификуваа како камена комета.

Фаетон кружи поблиску до Сонцето од кој било друг астероид. Кога му доаѓа најблиску, тој се загрева до 704 Целзиусови степени, поради што испушта правливи остатоци. Токму тие честички го прават метеорскиот дожд кога паѓаат во Земјината атмосфера со брзина од 35 километри во секунда, испарувајќи во вид на ленти.