Остров во составот на Фолкландските Острови се продава заедно со целата колонија пингвини кои живеат таму и со 6,5 километри долгата плажа.
Пебл е во сопственост на семејството Дин од 1869 година, но Сем Харис, праправнукот на оригиналниот купувач, вели дека е време да се откаже од него. На островот живеат пет различни видови пингвини, 42 вида птици, морски лавови, 6.000 овци и 125 крави.
„Тоа е неверојатно место. За жал, стана претешко за управување“, изјави 42-годишниот Харис.
Низ годините, семејството ги продало останатите острови во истата областа, задржувајќи го само Пебл. Никој од семејството не живее на островот од 50-ите години на минатиот век и со него управува мајка му на Харис, која е во Велика Британија.
„Јас и мојата сопруга првпат бевме таму во 2011 година и блиску сме поврзани со него. Сме зборувале да живееме таму, но тоа беше пред да добиеме деца. Ова беше тешка одлука, но моите родители веќе не можат да управуваат со островот“, вели Харис.
На овој остров се случила и првата копнена борба за време на Фолкландската војна во 1982 година.