Народниот театар Битола ќе биде домаќин на првото издание на Боемски вински салон. Настанот ќе се одржува во холот на театарот, а се отвора денеска во 15 часот.
„Сакаме на Битола и Пелагонискиот регион да им понудиме еден нов настан, на кој подобро ќе се запознаеме со малите производители на вино, ќе ги слушнеме нивните вински приказни и на кој ќе може да се дегустираат вина направени со страст. На овој начин сакаме да ја градиме винската култура во нашиот регион и да едуцираме за поднебјето, зачувувањето на локалниот биодиверзитет на лозјата и за техниките на производство на вино“, вели организаторот „Слоу фуд Битола“.
Ж. ЗДРАВКОВСКА