„Диско треска“ е насловот на концертите кои денеска и утре од 20 часот ќе се одржат во Македонската опера и балет (МОБ).
Годинава, на традиционалниот Василичарски концерт, под диригентство на Бисера Чадловска, ќе се изведат најголемите диско хитови од 70-ите години во целосно нови симфониски аранжмани.
Хитовите на Глорија Гејнор, Дона Самер, „АББА“, „Би џис“, „Бони Ем“ и на Мајкл Џексон ќе ги изведат популарни пејачи од македонската естрада, во придружба на Оркестарот и Балетот на МОБ. Режисер на концертот е Дејан Прошев.