Со 81 глас „за“, Собранието денеска ги усвои уставните амандмани, што беше предвидено со Договорот од Преспа и потоа со ист број гласови тие станаа дел од Уставот. Станува збор за четири амандмани, со кои, меѓу другото, името на државата се менува од Република Македонија во Република Северна Македонија.
- Со амандманот 33, зборовите Република Македонија во Уставот се менуваат во Република Северна Македонија.
- Со амандманот 34 се менува Преамбулата на Уставот.
- Со амандманот 35 се гарантираат суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните земји.
- Амандманот 36 се однесува на грижата за дијаспората.
- Државјанството ќе се именува како македонско / граѓанин на Република Северна Македонија.
- Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на седницата.
- Договорот за името со Грција целосно ќе стапи на сила откако ќе биде ратифициран и од парламентот во Атина.