СОФИЈА КОПОЛА ЌЕ ГО РЕЖИРА ПРВИОТ ФИЛМ НА „ЕПЛ“

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Режисерката Софија Копола повторно ќе работи со ѕвездата на нејзиниот најпознат филм „Изгубени во преводот“, Бил Мареј, во првиот долгометражен филм на „Епл“. Филмот насловен „На карпите“ (On the Rocks) е најавен додека се очекува лансирањето на стриминг платформата на технолошкиот гигант.

Рашида Џонс ќе глуми покрај Мареј, а филмот е приказна за млада мајка која повторно се поврзува со нејзиниот плејбој татко.

„Епл“ исто така соработува со Џенифер Анистон, Стивен Спилберг и Риз Витерспун на разни ТВ-проекти.

Сѐ уште нема датум на лансирањето на стриминг сервисот на „Епл“, но се очекува да биде годинава. Според „Вараети“, компанијата ќе потроши околу една милијарда долари на проектот.