Оскаровката Џенифер Лоренс се сврши со своето момче Куки Маруни, потврди нејзин претставник.
Шпекулациите за свршувачката на 28-годишната американската актерка и шест години постариот директор на галерија се појавија откако таа беше видена со прстен на раката во понеделникот вечер во Њујорк. Засега нема датум на евентуална венчавка.
Двојката се запознала во јуни минатата година преку долгогодишната пријателка на Лоренс, Лора Симпсон, која ја придружуваше на доделувањето на Оскарите во 2014. Сепак, тие ретко можеа да се видат заедно во јавност, ниту Лоренс го споменуваше Маруни во интервјуата.
Лоренс, која освои Оскар во 2012 година, е една од најплатените актерки во Холивуд, додека Маруни е директор во галерија во Њујорк.