Часовник ролекс на холивудскиот актер Пол Њуман е продаден на аукција во Њујорк за рекордни 18 милиони долари.
Часовникот е продаден на анонимен купувач за 17,8 милиони долари, по 12-минутно телефонско наддавање. Првичната цена која се очекувала да биде постигната била 1 милион долари.
Легендарниот актер, кој почина во 2008 година на 83-годишна возраст, часовникот го добил од неговата сопруга Џоан Вудворд во 1969 година. Часовникот може да се види на многу слики на Њуман.
Во 1984 година Џоан му подарила нов ролекс, па Њуман часовникот го дал на тогашното момче на неговата ќерка, Џејмс Кокс.
Кокс го даде часовникот на аукција, а дел од парите од продажбата на ролексот ќе бидат донирани во фондацијата на Њуман.