Дресот што го носел Пеле во финалето на Светското првенство во 1958 година се продаде за 4,9 милиони долари на аукција на „Сотбис“ во Њујорк.
Тоа е вториот најскап фудбалски дрес, по оној што Диего Марадона го носеше кога го постигна голот со рака против Англија на Светското првенство 1986, кој се продаде за 9,5 милиони долари во 2022.
Дресот на Пеле претходно се продаде во 2004 година за 105.600 долари. Пеле постигна два гола против Шведска во финалето на СП 1958, освојувајќи ја првата од неговите три светски титули.
(Фото: Сотбис)