НАЈГОЛЕМАТА ПЧЕЛА НА СВЕТОТ ПОВТОРНО ПРОНАЈДЕНА ПО 38 ГОДИНИ

Џакарта, (Гардијан)

Најголемата пчела на светот е повторно пронајдена во Индонезија, откако 38 години се сметала за исчезната. Тим од јужноамерикански и австралиски биолози пронашле една женка од џиновската пчела волас како живее во гнездо на термити на дрво, повеќе од два метра над земјата.

„Беше неверојатно да се види овој ‘летечки булдог‘ од светот на инсектите, за кој не бевме сигурни дали сѐ уште постои, да се види колку е навистина голем и убав и да се чуе звукот на неговите огромни крилја кога пролета над мојата глава“, изјави фотографот Клеј Болт.

Голема колку палец на возрасен човек, со челусти како на елен буба и четири пати поголема од домашна пчела, волас не може да помине незабележливо, но таа за последен пат била видена во 1981 година на три индонезиски острови. Науката првпат се запознала со неа во 1858 година, кога британскиот истражувач Алфред Расел Волас ја открил на тропскиот индонезиски остров Бакан, опишувајќи ја како „голем, црн инсект налик на оса, со челусти како на елен буба“. И покрај големината, малку се знае за неа и за нејзиниот животен циклус, што вклучува правење гнезда во активни живеалишта на термити.