Најмладата членка на американскиот Конгрес во историјата Александрија Окасио-Кортес стана суперхероина во нов стрип.
Дело на „Девилс дју комикс“, стрипот ќе биде достапен со две насловни страници: една со Окасио-Кортес како воинка со меч, а на другата таа е во бел костум пред зградата на Конгресот.
Стрипот насловен „Александрија Окасио-Кортес и новата сила“ е посветен на борбата на Конгресот против администрацијата на Трамп, а ќе излезе на 15 март.