НАСА ПРВПАТ ЌЕ ИСПРАТИ ЖЕНСКИ ТИМ НА ПРОШЕТКА ВО ВСЕЛЕНАТА

Вашингтон, (Гардијан)

Првиот целосно женски екипаж ќе излезе во вселената во текот на овој месец, 35 години откако првата жена го изведе тоа.

НАСА објави дека космонаутките Кристина Кох и Ен Меклејн ќе се прошетаат надвор од Меѓународната вселенска станица (ИСС) на 29 март, во мисија на замена на батериите инсталирани летоска. Тие од Земјата ќе бидат раководени од Мери Лоренс и Кристен Фачиол од Канадската вселенска агенција.

„Не можам да опишам колку сум возбудена“, напиша Фачиол на Твитер.

Советската космонаутка Светлана Савицкаја на 25 јули 1984 година стана првата жена која била на прошетка во вселената. Само 11% од повеќе од 500 луѓе кои досега биле во вселената се жени.

Меклејн е веќе на ИСС, додека Кох ќе полета на 14 март и НАСА проценува дека нивната прошетка ќе трае околу седум часа.