„ВЕЈСТЛЕНД ВИКЕНД“ – НАЈГОЛЕМИОТ ПОСТАПОКАЛИПТИЧЕН ФЕСТИВАЛ НА СВЕТОТ

Лас Вегас, (Гардијан)

Секоја година од 2011, илјадници фанови на „Побеснетиот Макс“ се собираат во пустината Мохаве во јужна Калифорнија и таму го оживуваат правливиот дистописки свет прикажан во култниот филм на Џорџ Милер. Тоа е „Вејстленд викенд“, најголемиот постапокалиптичен фестивал на светот, кој редовно се одржува на локацијата на некогашниот полигон за тестирање атомски бомби, каде што од 1951 година биле извршени вкупно 928 нуклеарни тестови.

Пет дена, посетителите го живеат она што би требало да изгледа како повторен старт на општеството, спијат во шатори и облечени во кожа и лажна воена опрема талкаат наоколу на температури од просечни 37 Целзиусови степени.

„Ова може да изгледа како настан на преживување, но е далеку од тоа. Ова не е подготовка за вистинска апокалипса, туку целта е добро да се забавуваме во измислена апокалипса. Ова е холивудска верзија“, вели директорот на фестивалот, Џеред Батлер.

Она што почна како дружба на десетици фанови на филмот сега привлекува повеќе од 4.000 луѓе од цел свет, желни за анархија и слобода. Костимите за задолжителни и никој не може да остане ако нема изглед на лик од филмот.

(Фото: Гардијан)