КИЈАНУ РИВС И АЛЕКС ВИНТЕР ЈА НАЈАВИЈА СВОЈАТА ТРЕТА АВАНТУРА КАКО БИЛ И ТЕД

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Најодлични вести за фановите на Бил и Тед: Кијану Ривс и Алекс Винтер потврдија дека следното лето одат на нова авантура.

„Бил и Тед 3: соочи се со музиката“, долго очекуваното продолжение на „Лажното патување на Бил и Тед“, ќе почне да се снима ова лето, а ќе биде објавен во август наредната година.

„Сакаме да им се заблагодариме на фановите, затоа што се чини дека би можеле да направиме филм ова лето“, кажаа двајцата актери во видеопорака на Твитер.

„Бил и Тед 3“ доаѓа 31 година по оригиналниот филм „Одличното патување на Бил и Тед“, а во 1991 беше снимено и продолжение. Поголема пауза меѓу два дела имаа само „Истребувач“ (35 години) и „Побеснетиот Макс“ (30).

Минатата година, Винтер (53) призна дека снимањето на филмовите за Бил и Тед му помогнало да се справи со траумите од сексуалното злоупотребување, што го доживеал во 1970-ите од сега починат актер.