ПО ГОДИНИ ИСКУСТВО ОД ПРВА РАКА, АКТЕРОТ СЕТ РОГЕН ОТВОРИ КОМПАНИЈА ЗА КАНАБИС

Ванкувер, (Гардијан)

Актерот Сет Роген и неговиот филмски соработник Еван Голдберг се впуштија во нов заеднички бизнис и отворија компанија за производство на канабис, наречена „Хаусплент“. Искористувајќи ја легализацијата во нивната татковина, Роген и Голдберг ќе ги дистрибуираат своите производи низ Канада.

„‘Хаусплент‘ е страст што ја претворивме во живот, резултат на искуство и посветеност. Секоја одлука што ја донесовме во овој бизнис одразува години и години учење, искуство од прва рака и почит кон канабисот“, изјави Роген.

Првата сорта канабис на компанијата ќе биде достапна наредниот месец, а потоа ќе следат нови.

„Сакаме да им помогнеме на луѓето да ја засакаат тревата како што ние ја сакаме“, додаде Роген.