Германската канцеларка Ангела Меркел е инспирација за опера во Вагнеровско-електронски стил, која премиерно се прикажа во Утрехт, Холандија. Централна тема во „Меркел“ се една од најмоќните жени на светот и нејзините напори да се справи со бегалската криза во 2015 година.
Режисерот Флор Хувинк тен Кејт од театарскиот колектив „Деведесеттите“ го опиша делото како „ода на борбата на навидум едноставна жена“.
Операта е базирана на говори, информации од лица блиски до Меркел, биографија и на сеќавања за детството, но, исто така, има и „фиктивни средби“. Претставата ќе оди на турнеја низ повеќе холандски градови.
Меркел е на чело на најголемата европска економија 13 години, но најави дека го тера последниот мандат како канцеларка.