„Оперејторс“, последниот проект на канадскиот музичар Ден Бекнер, е вториот потврден учесник на годинашното, деветто издание на фестивалот „Здраво млади“, што ќе се одржи на 31 август.
Откако членуваше во неколку групи, Бекнер во 2014 година го почна синт-поп проектот „Оперејторс“, издавајќи го првиот и засега единствен албум во 2016. Дел од ова трио е и Македонката Билјана Мирковски, која, исто така, настапува под името Девојка.
Како прв учесник на „Здраво млади 9“ беше објавен хрватскиот бенд „Ниплпипл“.
Цената на влезниците до крај на април ќе биде 300 денари.