НОВИОТ МОНИТОР НА „САМСУНГ“ ЌЕ ВИ ЈА ОСЛОБОДИ РАБОТНАТА МАСА

Сеул, (Дезин)

„Самсунг“ лансираше минималистички монитор со вградени кабли, кој може да се постави паралелно со ѕид, ослободувајќи простор на работната маса.

Со својот елегантен дизајн, „спејс монитор“ ветува зголемување на продуктивноста, бидејќи корисникот целосно ќе може да се фокусира на екранот, место на она што се наоѓа наоколу.

„‘Спејс монитор‘ е осмислен и дизајниран да личи на убаво парче мебел, благодарение на внимателна селекција на материјали и голема посветеност на детали. Тој е оптимизиран да одговори на потребите на оние кои сакаат стилска, модерна и средена околина“, велат од „Самсунг“.

Спејс монитор“ е поставен на основа што се прицврстува на задната страна на бирото и содржи силен подвижен зглоб, кој може да издржи 5.000 движења, овозможувајќи корисникот да ја прилагодува позицијата на мониторот. Кога не е во употреба, тој може да се повлече кон ѕидот и со тоа се ослободува простор на бирото.

Спејс монитор“ е достапен во 27 и во 32-инчен модел.