Еден од најубавите балети во класичната уметност, „Лебедово езеро“ од Чајковски, ќе се изведе вечерва од 20 часот во Македонската опера и балет (МОБ), во кореографија на Виктор Јаременко од Украина.
Првенците-солисти Марија Кичевска-Шокаровска и Васил Чичијашвили ќе ги играат улогите на Одета/Одилија и на принцот Зигфрид, а Ротбарт е Давид Буфоне од Италија. Со Оркестарот ќе диригира Бисера Чадловска.
Сценографијата и костимите се на Украинците Андреј Злобин и Гана Ипатиева. Од МОБ велат дека пробите за „Лебедово езеро“ ги држела Ирена Пасариќ, национална првенка на Хрватска.