СТЕН ЛИ ЌЕ ГО ИМА ПОСЛЕДНОТО ПОЈАВУВАЊЕ НА ФИЛМ ВО „ОДМАЗДНИЦИ 4“

Лос Анџелес, (Мешабл)

„Одмаздници: завршница“ ќе биде последен филм на „Марвел“ во кој кратко појавување ќе има Стен Ли, еден од креаторите на најголемиот универзум на суперхерои, кој почина во ноември.

„Тоа ќе биде негово последно појавување на филм“, откри еден од режисерите на „Одмаздници 4“, Џо Русо.

Почнувајќи од „Екс-Мен“ во 2000 година, Ли имаше кратко, но секогаш забележливо појавување во филмовите снимени според неговите стрип ликови. „Одмаздници 4“ ќе биде негов 40. филм, а се има појавено и во неколку серии.

„Ги имате сите тие големи филмски ѕвезди на сетот и потоа ќе се појави Стен, и сите повторно би се чувствувале како деца. Секогаш ми беше забавно да ги снимам тие кратки појавувања на Стен, бидејќи беше многу шармантен и целата екипа добро се забавуваше. Неверојатно е што тој беше со нас до самиот крај“, додаде Русо.