Музичката легенда и нобеловец Боб Дилан ќе произведува виски од 2020 година под брендот „Рајска порта“.

Со овој проект, Дилан ќе одбележи 50 години од излегувањето на неговиот албум „Небото над Нешвил“.

Црква во Нешвил стара 160 години ќе се трансформира во Центар за уметност и производство на виски, кадешто ќе има библиотека на видови виски, ресторан и сцена за настапи, која ќе собира 360 луѓе. Во неа ќе бидат изложени и слики и метални скулптури на Дилан.