МОДАТА НА ЦРНОГОРСКИОТ ДВОР НА ИЗЛОЖБА ВО МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНСКАТА БОРБА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска во 18 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност ќе се отвори изложбата „Европската мода на црногорскиот двор“, во соработка со Народниот музеј на Црна Гора.

Станува збор за софистицирана облека на семејството на кралот Никола, кроена од модни креатори во Париз, од крајот на 19. и од почетокот на 20. век.

На отворањето ќе настапи квартетот „Филхармонија“ во состав: Анна Кондратенко (виолина), Бојан Илкоски (виолина), Бојан Талески (виола) и Марија Михајловска (виолончело). На програмата се дела од Чајковски и од Шуплевски.