„МАРВЕЛ“ ПОТРОШИ РЕКОРДНИ 200 МИЛИОНИ ДОЛАРИ НА РЕКЛАМИ ЗА „ОДМАЗДНИЦИ 4“

Лос Анџелес, (Индипендент)

Филмското студио  „Марвел“ потрошило рекордна сума пари за промотивната кампања за „Одмаздници: завршница“. За рекламирање на продолжението на „Војна на бесконечноста“, студиото потрошило дури 200 милиони долари.

Ова е најголемата промотивна кампања на „Марвел“ досега, надминувајќи ги „Одмаздници: војна на бесконечноста“ (150 милиони долари), „Спајдермен: враќање дома“ (140) и „Чувари на галаксијата 2“ (80 милиони долари).

„Како што се шири нашиот универзум со ликови и приказни, така се шири и нашата публика“, вели Минди Хамилтон од одделот за маркетинг на „Волт Дизни“, во чија сопственост е „Марвел“.

„Одмаздници 4“ во кината ќе игра од 25 април.