ВО МКЦ СЕ ОТВОРА ИЗЛОЖБАТА НА ДЛУМ НА ТЕМА „МОЛК ЗА…“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Молк за…“ е темата на годинашното издание на проектот „Поместени граници“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, а изложбата ќе се отвори вечерва во 20 часот во галеријата на Младински културен центар (МКЦ).

„Овој проект има концептуален карактер, што значи дека се занимава со промислување, преиспитување, анализирање, критикување и лично видување/чувствување на стварноста, на нашето живеење“, велат од ДЛУМ.

На изложбата учествуваат авторите Моника Мотеска, Зорица Зафировска, Нехат Бекири, Андреј Митевски, Софиа Григориаду, групата ОПА, Антонио Пирковски, Лени вон Гелева, Никола Узуновски и Ремијон Проња. Кураторка е Александра Вилиќ.