АМСТЕРДАМ ГИ ЗАБРАНУВА ПИВСКИТЕ ВЕЛОСИПЕДИ ПО ЖАЛБИ ОД ЖИТЕЛИТЕ

Амстердам, (Би-Би-Си)

Од денеска, пивскиот велосипед, можеби, ќе биде забранет во центарот на градот, бидејќи создава проблеми, вели локалниот суд на Амстердам.

Пивските велосипеди патуваат низ градот и се популарни меѓу туристите, кои на овој начин прославуваат настани, како ергенски забави. Тие се мали коли, модифицирани со велосипедски седишта, наместени околу шанк. Туристите се возат со овој велосипед покрај познатите канали на градот, додека пијат пиво.

Минатата година, 6.000 жители потпишале петиција, повикувајќи го советот да ги забрани велосипедите, нарекувајќи ги „ужасен феномен”. За некои туристи, ова е перфектен начин да го истражат градот, комбинирајќи ги двете атракции, алкохолот и велосипедите. За некои жители, пак, ова е „погрешен вид на туризам”.

Советот неодамна најави план да се зголемат даноците на хотелите, за да се намали бројот на туристи кои патуваат со мал буџет. Холанѓаните се познати по нивната велосипедска култура, но најмалку ќе им недостигаат пијаните туристи кои управуваат со пивските велосипеди, понекогаш на сметка на оние кои ги користат велосипедите како практичен и разумен начин за превоз.