Дабово стебло стана главен столб на куќа во белгискиот град Гент, откако градбата претрпела големи оштетувања. Локалните архитекти од „Ателје Ван Ванбел“ решија да ја задржат само фасадата, целосно трансформирајќи ја внатрешноста на старата куќа со два ката и поткровје.

Стеблото долго 12 метри, освен што му дава уникатен изглед на ентериерот, служи и како главна поддршка на структурата на целата куќа, која добива облик на пентагон со бројни меѓуспратови, распоредени долж нејзиното спирално скалило. Земајќи предвид дека новите катови беа позиционирани на постоечките прозорци, се создадоа интересни игри на светлото.

Сопственикот на куќата е музичар и сликар и препорачал просторот да се дизајнира на тој начин за повисоките катови да имаат поинтимни функции. (Фото: Тим Ван де Велде)

Сопственикот на куќата е музичар и сликар и тој препорачал просторот да се дизајнира на овој начин, за повисоките катови да имаат поинтимни функции. Така, на првиот кат се наоѓа студио, на средните се салони, а тоалет и спална се наоѓаат на највисоките.