СЕДУМ НОВИ ПРАТЕНИЦИ ВЛЕГОА ВО СОБРАНИЕТО ПО ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Седум нови пратеници денеска влегоа во Собранието на Република Македонија.

Тие ќе ги заземат местата на пратениците кои беа избрани или се кандидираа за градоначалници на неодамнешните локални избори.

  • Пет нови пратеници доби коалицијата предводена од СДСМ, Движењето Беса смени двајца, а ДПА еден пратеник.
  • Со оваа смена, бројот на жени во собраниските клупи се зголеми за четири.
  • Петре Шилегов, кој стана градоначалник на Скопје, ќе го замени Татијана Лалчевска.
  • Во градоначалници заминаа уште четворица досегашни пратеници на СДСМ, Стефан Богоев (Карпош), Максим Димитриевски (Куманово), Сашо Поцков (Гевгелија) и Коста Јаневски (Струмица), чии позиции беа заземени од Анета Симеска-Димоска, Лидија Тасевска, Ристе Ташев и од Костадин Костадинов.
  • Лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами, не победи на изборите во Тетово, но своето место во Собранието, сепак, му го препушти на Неџбедин Кареманин, додека Реџеп Мемеди го наследи Зеќирија Ибрахими.
  • И кандидатот на ДПА, Бардиљ Даути, беше поразен во Тетово, па во Собранието влезе Мерал Узеири Ферати.