Хари и Меган вчера го добија првoто дете и принцот кажа дека неговото име ќе биде објавено во наредниве денови. Во обложувалниците, пак, најдобро котираат Артур, Едвард и Филип, пренесуваат британските медиуми.
„Хари и Меган ќе им оддадат почит на нивните родители со средното име на нивното дете“, вели Венди Босбери-Скот, експерт од „Дебретс“.
Меѓу членовите на кралското семјество, досега најпопуларни имиња се Артур, Џорџ, Алберт, Дејвид и Чарлс. Целосното име на принцот Чарлс е Чарлс Филип Артур Џорџ, а на принцот Хари е Хенри Чарлс Алберт Дејвид.
Бебето на војводата и војвотката од Сасекс, кое е седмо во редот за наследување на кралскиот престол, не станува автоматски принц. Кралот Џорџ Петти, прапрапрадедото на Хари, ја ограничил употребата на кралските титули и кралицата Елизабета Втора може да го прескокне тоа правило, како што направи со децата на Вилијам и Кејт, принцезата Шарлот и принцот Луј.