КЕЈТИ ХОЛМС И ЏЕЈМИ ФОКС ПРВПАТ ЗАЕДНО НА ЈАВЕН НАСТАН ПО ШЕСТ ГОДИНИ ВРСКА

Њујорк, (Пипл)

Кејти Холмс и Џејми Фокс со години ја чуваа својата врска во тајност и не потврдуваа дека се двојка, но сега конечно се појавија заедно на еден голем јавен настан.

Четириесетгодишната Холмс зрачеше во виолетов фустан на Зек Позен, додека позираше покрај оскаровецот Фокс за време на екстравагантниот моден настан Мет гала во Њујорк.

Фокс и Холмс наводно ја почнале врската уште во 2013 година, набргу откако таа се разведе од Том Круз, но тоа никогаш и официјално не го потврдија. Изминативе месеци почнаа сѐ помалку да се кријат.

„Кејти и Џејми се гледаат често колку што можат. Тие се знаат со години и двајцата се одлични родители и посветени на своите кариери“, изјави извор близок до двојката.

Холмс има ќерка од бракот со Круз, додека Фокс има две деца од претходна врска.