Скопје денеска, традиционално во Градски парк, цел ден ќе ги чествува ликот и делото на Боб Марли.
Музичарот кој ја прослави реге музиката низ цел свет има свој ден во Македонија уште од 2003 година и со тек на време, ова стана еден од најмасовните музички настани кај нас, кој ги обединува генерациите преку неговата порака „Една љубов, едно срце, свет без граници“. Терминот е секогаш во мај, месецот во кој Марли почина во 1981 година.
Бендови, музичари и диџеи кои ја негуваат реге музиката се поканети да земат учество на 13-часовниот настан на популарната Школка во Градски парк, што се отвора на пладне.