ВО КАНАДА ПРОНАЈДЕНИ ФОСИЛИ НА ГАБИ СТАРИ ЕДНА МИЛИЈАРДА ГОДИНИ

Монтреал, (Гардијан)

Ситни фосили пронајдени во пустата дивина на канадскиот Арктик се остатоци од најстарите познати габи на Земјата, објавија научниците.

Минијатурните организми се пронајдени во шкрилци во плитка вода во регион јужно од островот Вирџинија, на работ на Арктичкиот Океан. Тестовите направени на шкрилците покажаа дека тие се формирале пред 900 милиони-една милијарда години во она што денес се нарекува Северозападни Територии. Тоа овие габи ги прави 500 милиони години постари од оние пронајдени во Висконсин, чија старост беше проценета на 450 милиони.

„Организмите се толку добро зачувани, што сè уште содржат органски соединенија“, изјави Корентан Лорон, кој прв ја објавил студијата за Универзитетот во Лиеж, Белгија.

Габите играат клучна улога во екосистемите и екстремната старост на новооткриените организми може да даде заклучоци за историјата на друг живот на Земјата. Пред да тргнат по различен пат, габите и животните биле на иста гранка од еволуциското дрво и ова кажува дека, можеби, и примитивни животни почнале да еволуираат уште пред една милијарда години.