Оскаровецот Рон Хауард сними документарец за легендарниот оперски пејач Лучано Павароти, кој премиерно ќе биде прикажан во САД утре. Половина биографија, половина сцени од неговите концерти, целта на филмот е да им го претстави Павароти на новите генерации, како и да ги збогати постоечките фанови.
Италијанскиот тенор, кој почина од рак на панкреас во 2007, се смета за еден од најубавите гласови после Енрико Карузо. Тој 40 години настапуваше во водечките светски оперски куќи, продаде милиони албуми и важеше за крал на „високото Ц“.
„Никогаш не сум го слушал во живо, но бев свесен за неговата големина. Тој има слатко-горчлива приказна. Го живеел неговиот сон, станал Карузо, неговата ера е одличен пример за тоа како оперски пејач може да стане светска суперѕвезда. И потоа некаде, емотивно го изгубил својот пат“, вели Хауард, кој доби Оскар за „Прекрасен ум“.
Филмот е фокусиран на последните години од животот на Павароти, има интервјуа со првата сопруга Адуа, нивните три возрасни ќерки, како и со неговата втора сопруга Николета, со која има една ќерка. Таа им дала и досега необјавени домашни видеа, во кои Павароти признава дека жали за неговите неуспеси како сопруг и татко.