Фотографија на рибарското село Упернавик во западниот дел на Гренланд ја освои главната награда на годинашниот натпревар „Travel Photo Contest“ на „Нешнал џиографик“.
Фотографот Веимин Чу во неколку наврати го посетил Гренланд, пред да почне да го документира тамошниот живот, почнувајќи од селото Упернавик.
„Кога пристигнував, од авион можев да видам само чиста бела земја прекриена со мраз и снег. И потоа наеднаш, во далечина видов голема топла точка. Тоа беше Упернавик. Убавината на ова спокојно село е нешто што не може да се замисли. Тоа беше момент на воодушевување за мене“, изјави Чу.
Упернавик има околу 1.000 жители и е 13. село по големина во Гренланд. Чу шест дена го испитувал селото, кога налетал на сцената што ја овековечил во наградената фотографија.
„Сцената е толку хармонична. Целата земја е бела, а сината нијанса на самракот ја прави уште поубава“, вели Чу, чија фотографија произлезе од категоријата Градови.