Писателката Сузан Колинс објави дека работи на приквел на оригиналната трилогија „Игрите на гладните“, што имаше и успешна филмска адаптација со Џенифер Лоренс во главна улога.
Сè уште неименуваната книга треба да излезе на 19 мај 2020 и дополнително ќе го истражи светот на Панем 64 години пред случувањата во трилогијата. Колинс откри дека таа ќе се фокусира на обновата на Панем во годините по таканаречените Мрачни денови на неуспешното востание во градот.
Првите три книги се продадоа во повеќе од 100 милиони копии и беа преведени на 50-ина јазици. Врз основа на нив беа снимени четири филма, кои вкупно заработија речиси три милијарди долари и ѝ донесоа огромна популарност на Џенифер Лоренс. Студиото „Лајонсгејт“ се надева дека ќе ја адаптира и новата книга.