Пет наслови ќе бидат прикажани на Денови на современ мексикански филм, што почнува вечерва во Кинотеката, а се реализира со поддршка од амбасадата на Мексико во Белград.
Како што велат од Кинотеката, на програмата се филмови од поновата мексиканска продукција, почнувајќи со „Не е виновно детето“ од 2016 година. Од денеска, па до 25 јуни, секој ден ќе биде прикажан по еден филм, сите со почеток во 20 часот.
Утре на програмата е „Почетокот на времето“ (2014), па следуваат „Генерација Спилберг“ (2013) „Кога ќе се вратат децата“ (2017) и „Товар“ (2016).
Влезот за сите проекции е бесплатен.