СЕР ЕЛТОН ЏОН СТАНА ФРАНЦУСКИ ЛЕГИОНЕР НА ЧЕСТА

Париз, (Скај)

Сер Елтон Џон го доби највисокото француско граѓанско признание, Орденот на Легија на честа. Преку неговата фондација, која лани ја прослави 25-годишнината, пејачот има собрано над 300 милиони фунти за превентива од ХИВ, образование и спорт.

Врачувајќи му го признанието на приватна церемонија, на којашто присуствуваа и сопругот на Џон, Дејвид Фрниш и нивните две деца, францускиот претседател Емануел Макрон го нарече Џон „икона која знае како да даде пример“.

„Да се добие овој орден на Светскиот ден на музиката е уште позначајно“, изјави 72-годишната музичка ѕвезда.