МОЖЕ ДА СЕ ДАДЕ МЕДИЦИНСКА ДИЈАГНОЗА СПОРЕД ПОСТОВИ НА ФЕЈСБУК, ВЕЛИ АМЕРИКАНСКО ИСТРАЖУВАЊЕ

Њујорк, (ДПА)

Постовите на корисниците на Фејсбук испраќаат скриени пораки за нивното здравје, вели едно американско истражување.

Според истражувањето на медицинскиот универзитет Пен, јазикот што се користи на Фејсбук може да навести состојби како дијабетес, анксиозност, депресија или психоза.

Со помош на автоматска техника на собирање податоци, истражувачите анализирале цела историја објави на Фејсбук на 1.000 пациенти кои се согласиле нивните медицински податоци да бидат објавени на профилите. Експертите потоа направиле три модели на анализа на пациентите: според јазикот на постовите, според податоци како пол и возраст, а третиот ги комбинирал овие податоци. Разгледувајќи 21 различна состојба, тие утврдиле дека сите 21 биле предвидливи само од Фејсбук. Поточно, десет од состојбите биле полесно предвидливи од постовите на Фејсбук отколку преку демографските податоци.

Некои од наодите како „пијалак“ и „шише“ укажуваат на алкохолизам. Луѓето кои во нивните објави често користат религиозни термини како Бог или молитва се покажало дека за 15 пати повеќе страдаат од дијабетес, за разлика од оние кои не ги користат овие изрази. Зборови кои изразуваат непријателство се индикатори за употреба на дрога и психози.

Фејсбук веќе се покажа корисен за предвидување на депресија, откако едно ланско истражување покажа дека постовите можат да ја предвидат дијагнозата три месеци пред таа да биде медицински утврдена.