Откако се прослави како Супермен, Хенри Кејвил станува Шерлок Холмс.
Британскиот актер ќе го игра легендарниот детектив во нов филм што ќе се базира на серијата романи „Мистериите на Енола Холмс“. Филмот што ќе го режира Хари Бредбир треба да излезе следната година.
Ѕвездата на серијата „Непознати нешта“, Мили Боби Браун, ќе ја игра многу помладата сестра на Шерлок Холмс во „Енола Холмс“, додека нивната мајка ќе биде Хелена Бонам Картер.
Напишани од американската авторка Ненси Спрингер, шесте романи „Мистериите на Енола Холмс“ ги следат авантурите на 20 години помладата сестра на Шерлок и Мајкрофт Холмс, која место да оди на училиште, исто така сака да решава случаи.