СТУДИО ОД САД НАПРАВИ ИГРАЧКА СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ДЕЦАТА ДА УЧАТ ДА СЕ ФОКУСИРААТ

Сан Франциско, (Дезин)

Студиото за технологија и дизајн „Њу дил“ од Сан Франциско направи играчка со вештачка интелигенција, која им помага на децата во подобрување концентрација.

Наречена „Точка“, играчката е насочена кон учење и откривање. Функционира во вид на скенер, кој децата го насочуваат кон објект во нивна близина, како цвеќе или птица.

Фото: Дезин

Со помош на софтверот за вештачка интелигенција, „Точка“ препознава објекти и гласови и преку монолог им враќа информација на децата од пет до девет години. Играчката има и втора функција, која може да се користи пред спиење, во која преку вградениот проектор раскажува приказна за откритијата во текот на денот.

Дизајнерите откриле дека правилниот тип на играчка може да помогне за зголемување на вниманието на децата и на доживувањето на природата, наспроти играчки за моментално задоволство.

„Да се биде присутен во моментот е вештина која треба да се научи, а истражувањата велат дека тоа помага за подигнување на самодовербата и самосвесноста“, велат дизајнерите.