„ДИСЦИПЛИНА КИЧМЕ“ ГО ОТКАЖА НАСТАПОТ НА Д ФЕСТИВАЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Култниот српски рок бенд „Дисциплина кичме“ го откажа денешниот настап на Д фестивал во Дојран.

Во краткото појаснување, организаторите изјавија дека Која и екипата нема да свират во Дојран „поради објективни причини и непредвидливи околности“. Претходно, името на „Дисциплина кичме“ остана во програмата на фестивалот, иако неговата пејачка Маринка Мања Ѓорѓевиќ ненадејно почина пред неполни три месеци.

Како замена, во последен момент е повикана српската рап група „Бед копи“, која ќе настапи на главната бина од 23 часот, после „Фолтин“, кој ја отвора вечерта во 21.45 часот.

Програмата на главната бина продолжува со диџеј настапите на Махмут Орхан од Турција и на холандското трио „Ноизија“.