Светот оваа година го искусил најжешкиот јуни во историјата, со просечна температура низ светот од 16,4 Целзиусови степени, објавија американските метеоролози. Жештината особено била забележлива во делови од Европа, Русија, Канада и во Јужна Америка.
Овој извештај беше објавен додека САД се подготвуваат за „опасен жежок бран“, при што се очекуваат температури до 43,3 степени.
Невообичаено жешкиот јуни предизвикал морскиот мраз на Антарктик да стане рекордно тенок.
Девет од десетте најтопли месец јуни се случиле во последните девет години, а досегашниот рекорд беше измерен во 2016.
„Земјата се наоѓа во треска што нема да помине поради климатските промени. Ова не е последното рекордно топло лето што ќе го видиме“, вели климатологот Кејти Дело.