КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ ПРЕДИЗВИКУВААТ СÈ ПОВЕЌЕ РАЗДЕЛБИ КАЈ АЛБАТРОСИТЕ

Лондон, (Би-Би-Си)

Климатските промени предизвикуваат „развод“ кај албатросите, вели истражување објавено од британското Кралско друштво, кое опфатило 15.000 парови на Фолкландските Острови во последните 15 години. Разводот кај овие птици, кои важат за едни од најлојалните на светот, е само изневерување, гледано од човечки аспект.

Исто како луѓето, овие птици имаат незгодна фаза на растење, кога пробуваат и некогаш не успеваат да го најдат најдобриот начин да почнат врска. Но, најчесто кога ќе го најдат својот партнер остануваат заедно цел живот. Само 1% албатроси се разделуваат откако ќе го најдат својот животен партнер, но во годините опфатени со истражувањето, таа бројка се покачила на 8% со зголемувањето на температурите на водата.

Обично, албатросите се „разведуваат“ кога нема да успеат да се спарат, па бараат нов партнер. Но, истражувањето покажало дека тие се разделуваат дури и ако успеале да се спарат.

Според коавторот на студијата Франческо Вентура, затоплувањето на водите ги тера птиците да ловат подолго време и подалеку од нивниот дом. Ако не успеат да се вратат на време за сезоната на парење, нивните партнери наоѓаат друг партнер.

Исто така, кај птиците се зголемува нивото на стрес хормоните поради лошите услови во животната средина, што доведува до слаби перформанси и развод.