РЕКОВ ПАК БИ ГО ИГРАЛ ПИКАРД САМО АКО Е НЕШТО РАЗЛИЧНО, ВЕЛИ ПАТРИК СТЈУАРТ ЗА НОВАТА СЕРИЈА

Сан Диего, (Диџитал спај)

Комик-Кон“ во Сан Диего ни го даде првиот увид во новата серија „Ѕвездени патеки: Пикард“, во која сер Патрик Стјуарт ќе ја повтори својата улога од „Следната генерација“, нешто што фановите мислеа дека никогаш нема да се случи.

Пикард“ не е директно продолжение. Легендарниот британски актер претходно кажа дека би се вратил во улогата на капетанот Жан-Лук Пикард само доколку со ликот биде направено нешто ново и различно.

Долго време кажував, ‘благодарам, но сепак не‘. Но, како што предложениот проект стануваше сè појасен и појасен и откако конечно се запознав со нашиот неверојатен тим сценаристи, знаев дека ќе се случи нешто многу необично и сакав да бидам дел од тоа“, изјави 79-годишниот Стјуарт.

Извршниот продуцент Алекс Курцман вели дека новата серија ќе биде целосно различна од претходната.

Сè почна со Патрик. Кога му пристапивме, тој одбиваше од добра причина, бидејќи не сакаше да се повторува. Тој нè предизвика да размислуваме пошироко“, кажа тој.

Ѕвездени патеки: Пикард“ ќе почне да се прикажува во почетокот на 2020 на Си-Би-Ес и на „Амазон прајм видео“.