Телевизиската куќа Ен-Би-Си соопшти дека новото издание на популарната ситком серија „Вил и Грејс“ ќе заврши со третата сезона во 2020.
„Вил и Грејс“ се врати на екраните во 2017, откако се емитуваше од 1998 до 2006. Последната сезона ќе има 18 епизоди.
Во заедничка изјава, продуцентите кажаа дека се консултирале со екипата во одлуката да ја завршат серијата.