ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ ЗА 50. РОДЕНДЕН ДОБИ „ПОРШЕ“ ОД 140.000 ДОЛАРИ

Мајами, (Пипл)
Mandatory Credit: Photo by MediaPunch/Shutterstock (10346991h) Lorena Cartegena , Ashanti, Fat Joe, Jennifer Lopez, Alex Rodrigiuez, Nicole Tuck and DJ Khaled Jennifer Lopez 50th birthday celebration, Miami, Florida - 24 Jul 2019

Џенифер Лопез изгледаше како грчка божица на гламурозната прослава на својот 50. роденден, што го организираше на имотот на Глорија Естефан во Мајами Бич.

Таа блескаше во отворен златен фустан на „Версаче“, чија црна верзија претходно беше претставена како дел од новата есенска колекција на овој бренд.

Џеј Ло на забавата сечеше торта на 10 спратови

Џеј Ло покани голем број свои славни пријатели на забавата, а некои од нив, како Диџеј Калид и Ашанти, и настапија вечерта.

Таа сечеше роденденска торта на десет спратови, за чие носење беа потребни четворица, а од свршеникот Алекс Родригес како подарок доби „порше“ вреден 140.000 долари.