ХРВАТСКИОТ ОКТЕТ „ИГЊАЦ ФУКС“ ВЕЧЕРВА НА ОХРИДСКО ЛЕТО

Охрид, (СМАРТ.СДК.МК)

Октетот „Игњац Фукс“ од Хрватска вечерва во 21 часот ќе одржи концерт во „Св. Софија“ на Охридско лето. Ќе настапат Костадин Богданоски-прва виолина, Фросина Богданоска-втора виолина, Хивоте Тадезе-виола, Никола Јовановиќ-виолончело, Александар Тасиќ-кларинет, Виктор Кирченко-хорна, Жарко Перишиќ-фагот и Илин – Диме Димовски на контрабас.

Мешовитиот камерен ансамбл „Игњац Фукс” е формиран во јуни, 2016 по иницијатива на македонско-хрватскиот контрабасист Димовски и на српскиот кларинетист Тасиќ, за формирање на флексибилен ансамбл во кој членуваат најистакнатите класични музичари од бившите југословенски простори, како што е и случајот со ансамблот на „Но бордерс“ каде што Тасиќ и Димовски се запознале.

Името на ансамблот е всушност првото име на познатиот хрватски композитор Ватрослав Лисински кое е воедно и името на концертната сала во која секојдневно работат некои од членовите на ансамблот во Загреб.

Костадин Богданоски е прва виолина и работи како концерт мајстор во Операта „Лисеу“ во Барселона. Фросина Богданоска е член на филхармонијата во Клагенфурт, Австрија и водач на вторите виолини во „Но Бордерс“ оркестарот.